Финансии 27.12.2018 20:59

Aкциите на Волстрит експлодираа на првиот ден тргување после Божик

Aкциите на Волстрит експлодираа на првиот ден тргување после Божик

По лошото тргување на Бадник, акциите на Волстрит експлодираа на првиот ден тргување после Божик, забележувајќи најголем дневен скок од март 2009 година. Волстрит така ги надомести сите загуби регистрирани во претходното тргување.

Индексите Дау Џонс и С&П 500 се зголемија за околу пет отсто откако акциите на компаниите од прехранбениот, енергетскиот и технолошкиот сектор се зголемија за повеќе од шест отсто.Дау Џонс „скокна“ 1.086 поени или 4,98 отсто, на 22.879 бодови, додека С&П се зголеми 4,96 отсто на 2,467 поени

Насдак, исто така, забележа најуспешен ден од март 2009 година, додавајќи 5,84 отсто пазарна капитализација. Средата после Божик ќе биде евидентирана и поради најголемиот скок на акциите после тој празник кога и да е.

Акциите на енергетските компании исто така се зголемија по растот на американската нафта, поголем од осум отсто.  Иако еуфорија ги зафати инвеститорите, експертите предупредуваат дека патот до целосно опоравување е долг и оти се потребни три дена раст за да се затвори јазот кој настана со распродажбата