Француската полиција попладенво спроведува голема акција во стразбуршкиот кварт Нодорф, каде му се загуби трагата на извршителот на завчерашниот терористички напад во Стразбур, Шериф Шекат.
Како што јави дописникот на МИА, во операцијата се ангажирани припадници на специјалните сили на полицијата, а на улиците се видливи голем број полициски возила, кои го блокираат сообраќајот.
Вооружени полицајци со автоматско оружје вршат претреси по куќите.
Според полициски извори, операцијата се спроведува како дел од истрагата.
Во меѓувреме, извршени е и претрес на домот на една од сестрите на осомничениот во Париз. Според информациите, во домот влегле десетина полицајци.
МИА