Актуелно 01.06.2018 12:04

Акција на МВР против дивите трки со мотори

Акција на МВР против дивите трки со мотори

Во текот на вчерашниот ден (31.05.), поточно во периодот од 19,00 до 24,00 часот од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескордно обезбедување, беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници привремно се задржани 10 моторцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила и истите во текот на денешниот ден ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, превземени се вкупно 46 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Најнови вести