Ако сакате да бидете меѓу најуспешните претприемачи, тогаш ви треба маркетиншки начин на размислување. Применете ги овие неколку принципи и променете го вашиот став и начин на работа.
Визија и мисија
Со пазарно ориентирани мисли ќе станете стратег и ќе имате јасна визија во кој правец треба да оди вашиот бизнис и лесно ќе ги препознаете приликите што ќе ви помогнат да дојдете дотаму. Ви треба визија што е јасно дефинирана, одредена и има контролни точки преку кои може да се следи целиот напредок.
Фокус
Ќе имате поголема веројатност за успех ако таргет-групата не ви е ни многу голема, ни многу широка. Морате точно да дефинирате кои се вашите клиенти и што имаат заедничко.
План
Маркетиншкиот план би требало да покрива се што ќе работите. Важно е да го имате писмено и да можете да ја следите неговата успешност.
Врски со клиентите
Поедноставно и поевтино е да ги продавате своите производи или услуги на постоечките купувачи отколку да барате нови. Затоа, вложете исто толку труд во одржување на контактите со постоечките клиенти, колку што вложувате и во пронаоѓањето нови. Покажете им на клиентите дека се грижите за нивните интереси, градејќи доверба со редовни контакти и услужливост.
Убедлива комуникација
Вештината на убедлива комуникација е важна за успех во работата. За уверливо да комуницирате, треба да се сосредоточите на една јасна порака. Ако сакате луѓето да ги слушаат вашите совети поставете се како експерт.
Активност
Непреземањето на потребните работи е една од најголемите пречки за деловен успех. Избегнувајте одолжување на работите што треба да се направат и перфекционизам, односно чекање додека нешто не е сто проценти онака како што треба.