Актуелно 26.08.2018 17:10

Актерката Ирена Ристиќ до градоначалникот Богдановиќ: За ваква ли координација зборевме, Саша?!

Актерката Ирена Ристиќ до градоначалникот Богдановиќ: За ваква ли координација зборевме, Саша?!

Само да констатираме дека некој не си го исполнил ветувањето, пишува актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил, споделувајќи фотографии од просторот пред Универзалната сала кој го исчистија граѓани, наместо општина Центар.

-Универзална, во моментов!

Не знам само како не ви е срам, прво да се доведете во ситуација граѓани да вршат работа за која секако месечно одвојуваат средства за да ја правите вие и вашите служби, господа од градската власт?
Не знам само како не ви е жал за повозрасниот господин кој се пикаше под ова чудо во распаѓање за да откорне плевел?
Не знам како си дозволувате луксуз да го попречувате правилното воспитување на децата кои вчера беа со своите родители и на лице место учеа што е еколошка свест и општествена одговорност!

За ваква ли координација зборевме, Саша?!

*не го пишувам статусов за да се отвори фронт во кој ќе се натегаме! Туку, едноставно, да се потсетиме на ветеното и на паролата #НеБидиЃубре .