На почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје, свое обраќање имаше директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.
Таа потенцира дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите и ќе биде завршена до крајот на годината.
-Најавуваме значајна инвестиција на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Во таа инвестиција најавуваме реконструкција и реновирање на платото пред самата клиника, на чекалните на амбулантите, на лабараториите и на специјалистичките кабинети со цел да добијат пациентите побезбеден пристап до клиниката, како поефикасна и поквалитетна дијагностика и третмани, изјави директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.
-Она што сакам да го известам е дека на оваа клиника има голема фрекфенција, најголемо родилиште со околу 4000 породувања, операции од минимални до сложени гинеколошки што се околу 5000 и 73000 специјалистички и субспечијалистички прегледи. Целата оваа фрекфенција како и неводењето грижа за одржување најавува потреба од една инвестиција од 29.000.000 денари што ќе биде изреализирана до крајот на оваа година, потенцира директорката Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.
-Втора работа што ние сакаме да и пружиме поквалитетна заштита на жената е да ја скратиме листата на чекање. Тоа го овозможивме преку набавување на опрема за минимално инвазивна хирургија во вредност од 32 000 000 денари која што овозможува побрзо поциентката да ја испуштиме дома и со тоа да се намали листата на чекање кај овие пациетнки, потенцира директорката.