Економија 22.01.2019 22:56

Alibaba се подготвува за забавувањето на економијата во Кина

Alibaba се подготвува за забавувањето на економијата во Кина

„Alibabа Group Holding“ , најголемата кинеска компанија за електронска трговија се подготвува за забавувањето на економијата во земјата, се шпекулира во некои од светските медиуми. Оваа компанија ги скратува трошоците на вработените и го одложува вработувањето на некои позиции.

На вработените им е кажано дека „Alibaba“ веќе нема да плати за подобри места во повисоката класа, вели изворот. Таксистите на аеродромите ќе бидат платени само ако патуваат заедно три лица, соопшти извор.

Запрашани за потенцијалните отпуштања, од „Alibaba“ коментираа дека секогаш инвестираат во таленти и ги привлекуваат вистинските луѓе.

„Долгорочното стратешко планирање и континуираниот развој на нашите таленти се важни за иднината на „Alibaba““, соопшти компанијата во електронска пошта.

Трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг фрла уште поголема сенка врз Кина, коментираат медиумите.