Актуелно 22.07.2018 11:16

,,Алсат“: Анѓушев ги „вкуси“ придобивките од власта

,,Алсат“: Анѓушев ги „вкуси“ придобивките од власта
И функционери во власта и наградени од власта како иноватори. Информацијата дека фирма во која е косопственик вицепремиерот Кочо Анѓушев добила 160 000 евра од државата како поддршка од Фондот за иновации, а приближна сума добила и компанија во која удел има пратеникот Хари Локвенец од СДСМ предизвикаа остри реакции во јавноста. ВМРО-ДПМНЕ бара Анѓушев и директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски веднаш да поднесат оставки, но и кривично да одговараат.

Jавно го повикуваме Јавното обвинителство на Република Македонија, да не спие. Kонечно да се разбуди и да почне да го гони криминалот. Органите за прогон веднаш да поведат постапка против Анѓушев и Деспотовски.Истрага мора да има за ваквиот однос кон народните пари кои што се трошат и се грабат на секој начин“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Анѓушев во изјава на БИРН, вели дека тој поседува само 16 отсто од леарницата и како млацински сопственик не може да им нареди на партнерите што да прават.

„Знаев дека ќе аплицираат, не можам да кажам дека не знаев, меѓутоа никому не сум се јавил за да го добијат грантот…Како што не треба да се привилегирани фирмите каде што јас имам капитал, исто така не треба ни да се дискриминирани“, вели вицепремиерот Анѓушев.

И пратеникот Хари Локвенец негира какво било влијание врз Фондот за иновации и вели дека советста му е чиста. Тој е акционер во печатницата „Гинис“, но вели дека никога[ не учествувал во управувањето. Ваквите скандали според поранешниот претседател на Антикорупциска, Воислав Зафировски укажуваат на тоа дека нема искрена политичка волја за борба против корупција.

„Затоа мора да се промени и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во насока на перманентно следење на анкетните листови на избраните и именувани функционери, истите да се споменуваат со податоците од Управата за јавни приходи, од Катастар и другите институции што водат податоци за имотната состојба на поединци, за да се добие вистинска слика за растот на имотот и богатството на носителите на јавните функции со експлицитна можност да се бара тие да докажат на кој начин, за кус период оствариле толкав капитал“, изјви Воислав Зафировски – поранешен претседател на Антикорупциска.

Во моментот и Државната антикорупциска комисија е со само двајца членови. Останатите петтемина си поднесоа оставки откако изби скандалот дека и тие лажирале сметки за патни трошоци и изнајмувале станови по нереални цени. За овој случај обвинителството отвори истрага по допрен глас.

Извор: Алсат