Економија 05.09.2018 11:54

Амазон ја достигна вредноста од 1.000 милијарди долари

Амазон ја достигна вредноста од 1.000 милијарди долари

По Apple и американската онлајн платформа за тргување, Амазон ја надмина пазарната вредност од 1.000 милијарди долари. Амазон на тој начин стана втора американска компанија која ја достигна оваа вредност, објави Ројтерс.

Технолошкиот гигант Apple, чии акции се тргуват на берзата, на 2 август стана првата компанија во светот чија пазарна капитализација достигна 1.000 милијарди долари. Причината за овој успех на Apple, како што пишува “Њујорк тајмс”, беше едноставна, бидејќи таа е компанија која произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат голема сума на пари.

Сега е Амазон, чиј основач е извршниот директор Џеф Безос “тежок” речиси колку што се Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно, стана втората американска компанија која ја премина некогаш незамисливата линија од 1000 милијарди долари. Сепак, овој пат причината за успехот е малку поинаква.

Всушност, Амазон зема по 49 центи за секој долар потрошен во е-трговијата во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и генерира годишни приходи од 178 милијарди долари.

Продава се и сешто – од компјутерски компоненти и мемориски простор до путер од кикирики, но она што отсекогаш било најмногу продавано на инвеститори, клиенти, медиумите – е возбудата, бидејќи во почетокот, Амазон беше првенствено нов возбудлив начин за онлајн купување на книги, пишува: “Њујорк тајмс”.