Актуелно 19.02.2019 22:59

Амди Бајрам, Филип Петровски и Самка Ибраимовски почнаа да собираат потписи

Амди Бајрам, Филип Петровски и Самка Ибраимовски почнаа да собираат потписи

Филип Петровски, Самка Ибраимоски и Амди Бајрам се тројцата претседателски кандидати кои почнаа со собирање потписи за на изборите напролет да се тркаат самостојно, објави 24.mk

Три дена по конгресот на ВМРО ДПМНЕ на кој што бараше поддршка од делегатите на партијата, поранешниот функционер од сегашната опозиција Филип Петровски одлучи самостојно да се бори за шеф на државата. Обвини дека делегатите се под притисок на раководството на партијата и затоа не го гласале, но рече дека од сабота ќе започне со собирање на потребните потписи за неговата кандидатура.

За да се пребројат гласовите на ромската етничка заедница, ќе се кандидира и Самка Ибраимоски. Смета дека има доволно богата политичка кариера зад себе, за да добие поддршка од 10.000 гласови, а уште повеќе на изборниот ден.

Пратеникот тврди дека неговиот колега Амди Бајрам кој што исто така започна со собирање на потписи за кандидирање – не може да му биде конкурент.
Со поддршка на ВМРО ДПМНЕ досега како единствен официјален кандидат за нов претседател е професорката Гордана Силјановска која веќе е во неформална кампања. Првата изборна трка ќе се оддржи на 21 април, а втората на 5ти мај.

Извор: 24.mk