Живот 16.11.2018 21:43

Американска компанија бара промотори

Американска компанија бара промотори

Американска компанија бара промотори кои ќе имаат добра плата.

Компанијата „Хеви Хитерс“ од Калифорнија, која се занимава со производство на течности за електронски цигари, е во потрага по 20 промотори.

Оние луѓе кои ќе ја добијат работата ќе имаат задача да патуваат низ светот и да пушат марихуана.

Тие ќе треба да промовираат производи на компанијата на низа случувања низ светот и преку социјалните мрежи. Популарноста на „Инстаграм“ би можела да ви биде од помош.

„Пријавете се за да станете дел од тимот и да добиете можност да заработите плата за пушење трева, учество на најдобрите настани и да им помогнете на другите да дознаат за „Хеви Хитерс“. Бараме 20 најинтересни, страсни и дружељубиви „хеви хитерси“ – стои на страницата на компанијата.

Промоторите ќе добиваат месечна плата од 1.200 долари, а покрај тоа, секој месец ќе добиваат по 500 долари за производи на „Хеви Хитерс“.