Економија 28.10.2018 16:15

Американската економија забави во третиот квартал

Американската економија забави во третиот квартал

Економијата на САД го успори темпото на раст во третиот квартал, иако помалку од очекуваното, бидејќи падот на извозот на соја поради наметнатите давачки бил делумно надоместен од најсилната потрошувачка на домаќинствата за последните скоро четири години и инвестициите во стоки со одложена продажба, објави „Ројтерс“.

Економијата на САД објави годишен раст од 3,5 отсто во кварталот, поддржан од стабилните владини трошоци. Меѓутоа, има забавување, од пријавените 4,2% во вториот квартал од годината. За споредба, економистите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваа раст на БДП-то од 3,3%.

САД се радува на деветтата година по ред во која е предвиден економска експанзија, а ова е втор по должина период во историјата. Економијата е поддржана со реформата на данокот од 1,5 илјади милијарди долари и порастот на владините трошоци. Фискалните стимулации се дел од мерките усвоени од администрацијата на Трамп за поддршка на одржлив годишен раст од 3%.

Најголемата економија во светот, сепак страда од трговската војна со Кина, како и од трговските спорови со други партнери, а доцнењето во последниот квартал се одразува најмногу во влијанието на одмаздничките царини од страна на Пекинг врз извозот на САД, вклучително и сојата. Исто така, постои опаѓање на извозот на нафтените продукти.

Инвестициите во стоки со одложена продажба пораснале до 76,3 милијарди долари, откако се намалија до 36,8 милијарди долари во вториот квартал. Силното квартално зголемување додаде 2,07 процентни поени на растот на БДП-то.

Стабилниот раст на БДП-то во третиот квартал го поддржува бараниот сигнал од страна на Федералните резерви за покачување на каматните стапки во декември по четврти пат во оваа година и покрај распродажба на берзите и зголемувањето на профитабилноста на американските државни обврзници.

Растот на потрошувачките трошоци кои претставуваат повеќе од две третини од економската активност на САД, е за 4% во третиот квартал во однос на 3,8% во вториот квартал. Ова е најбрзата стапка на раст од четвртиот квартал од 2014-та година.

Потрошувачката се поддржува делумно од затегнувањето на пазарот на труд, кој ужива ниво на невработеност од 3,8%, што за последен пат се случило пред 49 години.