Одлуката на Федералните резерви на САД да ги задржи каматните стапки непроменети на ниво од 5,25 до 5,50 отсто го одразува нивниот внимателен пристап во борбата против инфлацијата, која и понатаму е причина за загриженост и покрај знаците за смирувањ.
ФЕД навести можност за намалување на каматните стапки на следниот состанок во септев, но аналитичарите и инвеститорите главно очекуваат стапките да останат непроменети. Истовремено, расте очекувањето за потенцијално намалување на каматните стапки до крајот на тековната година доколку тоа го оправдаат економските услови, особено податоците за инфлацијата и вработеноста.
Федералните резерви на состанокот во средата одлучија да не ги менуваат цените за задолжување, па каматните стапки останаа на највисоко ниво во последните 23 години. Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) гласаше за задржување на целната каматна стапка непроменета. Каматните стапки во САД се на тоа ниво од јули минатата година. Сите членови на FOMC гласаа за задржување на каматните стапки на нивното сегашно ниво.
ФЕД нема донесено одлука што ќе прави во септември, иако е поубеден дека се ближи моментот за намалување на каматните стапки, изјави претседателот на ФЕД Џером Пауел.
„Ќе донесеме одлука врз основа на податоците за инфлацијата, како и врз основа на податоците за пазарот на трудот, ризиците во двете полиња и рамнотежата во која ќе бидат овие ризици“, рече Пауел на прес-конференцијата.
Намалување на аматние стапки може да биде позитивно за берзата, бидејќи пониските каматни стапки ги намалуваат трошоците за задолжување и можат да го зголемат профитот на компаниите.
Овој оптимизам може да доведе до зголемување на цените на акциите, бидејќи инвеститорите очекуваат помека монетарна политика. Меѓутоа, доколку ФЕД ги задржи стапките на исто ниво или сигнализира поголема претпазливост, тоа може да предизвика нестабилност на пазарот бидејќи инвеститорите ги прилагодуваат своите очекувања.
Според Пауел, одлуката за каматните стапки би можела да биде „на маа“ состанокот во септември – 17 и 18 септември. Тој, исто така, посочи дека на последниот состанок на FOMC имало „вистински дискусии“ за намалување на стапките.
FOMC укажа на „понатамошен напредок“ кон намалување на инфлацијата до целта од два проценти. Сепак, беше нагласено дека службениците ќе мора да имаат уште поголема „доверба“ пред да бидат подготвени да ги намалат стапките.
„Отчитувањата на инфлацијата за вториот квартал ја зголемија нашата доверба, а дополнителните добри податоци дополнително ќе ја зајакнат таа доверба“, рече Пауел.
Овие коментари претставуваат најјасен знак досега дека централната банка се подготвува за промена на политиката повеќе од две години откако започна сериозно да се бори со инфлацијата, пишува Фајненшл тајмс.
Септемврискиот состанок на ФЕД ќе биде последен пред претседателските избори во САД во ноември. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп неодамна го предупреди Пауел да не ги намалува стапките пред изборите во ноември, велејќи дека доколку биде избран, ќе му дозволи на претседателот на ФЕД да го одработи мандатот само ако „постапи правилно“.
Пул изјави дека ФЕД никогаш не ги користи своите алатки за поддршка или спротивставување на политичка партија, политичар или каков било политички исход.