Американскиот производител на автомобили Форд планира да укине до 1.600 дополнителни работни места во фабриката во Валенсија, како дел од прилагодувањата на капацитетот до почетокот на производството на новиот хибриден SUV модел во 2027 година.
Компанијата ги одложи производствените инвестиции во Шпанија во 2022 година поради „ревидираните изгледи за Европа“.
Потоа потврдија дека до крајот на деценијата треба да започне производството на електрични возила во шпанската фабрика, предупредувајќи дека нивното производство подразбира намалување на бројот на работни места.
Во март минатата година објавија дека поради прекин на производството на миниванот Галакси и караванот S-Max, укинуваат 1.100 работни места во фабриката во Валенсија.
Тие додадоа дека од 2027 година ќе започнат со производство на нов хибриден SUV модел за европскиот пазар, но и за другите делови на светот.
Компанијата ма намера да произведува 300.000 автомобили годишно, објави тогаш шпанското Министерство за индустрија.
Американскиот автомобилски гигант моментално вработува 4.800 работници во фабриката во Валенсија и го произведува само спортскиот теренец Kuga. Лани одлучија да укинат 2.300 работни места во Германија и 1.000 во Британија.
Од 2030 година во ЕУ имаат намера да продаваат само електрични автомобили.