Актуелно 24.07.2018 16:20

Костов: Законот не дозволува двосмислено прашање, референдумот мора да биде државен со најголем цензус

Костов: Законот не дозволува двосмислено прашање, референдумот мора да биде државен со најголем цензус

Аналитичарот Сотир Костов вели дека и за консултативен и за задолжителен референдум потребно е мнозинство од над 900 илјади гласачи и половина од тие треба да гласаат потврдно. Сепак, тој додава дека и во двата случаи мора да има цензус.

-Моето мислење е дека мора да има државен референдум, задолжителен, со најголем цензус. Потребно е половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на референдум, а од тие половина плус еден да гласале позитивно за тој да биде успешен, објаснува аналитичарот.

Костов објаснува и дали законот дозволува двосмислено референдумско прашање.

-Законот е јасен и прецизен и не дозволува двосмислено референдумско прашање. Во законот бара прашањето да биде јасно и недвосмилено односно еднозначно. Да биде недвосмислено и да се однесува на една проблематика и тема, вели Костов во изјава за Курир.

Тој вели дека граѓаните на референдумот ќе кажат „НЕ“, што ќе биде потврда на нивниот одзив на прославите кои пред две недели ги организираше владата. Власта, вели Костов, доби одговор од граѓаните дека не поддржуваат прослави на кои се слави смртта на македонскиот идентитет, култура и историја.

Личниот став на Костов е дека не треба воопшто да се спроведува референдум со кој се доведува во прашањето промената на името на државата.