Актуелно 22.03.2019 18:52

Анализа на КУРИР: Какви проблеми ќе донесе промената на името на „Македонски пошти“ дома и во странство?

Анализа на КУРИР: Какви проблеми ќе донесе промената на името на „Македонски пошти“ дома и во странство?

Македонски пошти“ заминаа во историјата. Со промената на имињата на институциите, по промената на уставното име, новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“.

Иако беше најавено дека ќе има промена на имињата буџетските фирми, односно фирмите кои се финансираат од државниот буџет, „Македонски пошти“ излезе како колатерална штета.

Но, според добро упатени извори, со кои КУРИР стапи во контакт, ваквата промена на името, ќе нанесе голема штета, како дома, така и во меѓународни рамки.

„Македонски пошти“ се финансираат од сопствени средства и во моментов се во катастрофална финансиска состојба. Како што дознаваме, голем удар за нивниот буџет беше колективната тужба поради неисплаќањето на К-15 на вработените.

Сите држави имаат национални пошти со името на државата, само Македонија има акционерско друштво за поштенски сообраќај.

Поради ова, во фунцкионирањето ќе настане општи хаос. Освен промената на уставното име, носењето на двојазичноста ќе биде дополнителна сопка.

Во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај на Македонија, претпријатието го изгуби својот идентитет, во процес под водство на премиерот Зоран Заев.

Изворите со кои контактиравме, велат дека првиот проблем ќе биде во потребата од измена на обрасците, во целост. Во светски рамки, обрасците се двојазични, на матичниот јазик во државата и на француски јазик.

Сега, само нашата земја, најверојатно ќе треба да воведе тројазични обрасци за да може да функционира под новитетите донесени од сегаѓната власт. Станува збор за малите црвени ливчиња, кои сигурно ги имате досега видено. На нив за испишан текст на три јазици место нема.

Националните пошти, во своја поврзаност за соработка, го користат он-лајн следењето на пратките. Корисниците на Интернет сигурно би ги пребарувале „Пошти на Македонија“, па нема да можат да го најдат патот ниту на тоа што го испраќаат, ниту на тоа што го чекаат како пратка од Македонија.

Зошто беше променето името?

Освен што од името Македонија, власта почна да бега како „ѓавол од темјан“, со цел да се додоворува на колаиционите партии, тие почнаа да промовираат теза дека ако во името стои “македонски“, тоа било дискриминирачки за другите народи кои живеат во оваа земја, најмногу Албанците. Замачкувајќи очи дека со новиот назив на повеќе институции, претпријатија и фирми, ќе се добие впечаток дека тие им припаѓаат на сите, власта заборави да спомене дека ако некој бил дискриминиран во „Македонски пошти“, тоа се дефинитивно Македонците.

Со години наназад, прв човек на поштите е човек претставник на албанска партија на власт, а Албанци се исто толку време на сите други високи позиции во „Македонски пошти“.

Со потребата од промена на името и воведување на целосна двојазичност, Македонците вработени таму стравуваат за своите работни места.

Имено, вработените со кои контактираше КУРИР, чии имиња од логични причини нема да ги објавиме, велат дека поштите ќе имаат потреба од нови вработувања само на Албанци кои ќе треба да го покријат целиот процес на примена на вметнување на албанскиот јазик во сите документи. Вишок работни позиции нема, така да, се очекува Македонците да се принудени да им ги отстапат своите работни места на Албанци, кои ќе може да преведуваат.

Сајтот на „Македонски пошти“ веќе не е во функција и не може да се посети. При обид за негово отворање, се јавува грешка. Претпоставуваме дека се подготвува нов сајт, со новото име. Но, на стариот, беше објавена информација за средба која неодамна се одржа во Косово. Високите функционери од нашите пошти, сите Албанци, заминаа во соседната земја да преговараат како да направат заедничка промена на македонските обрасци, дознава КУРИР.

За финансиската состојба во „Македонски пошти“, зборувавме со вработени кои велат дека се дојдени до моменти кога немаат ниту хартија ниту тонери. Поштарите одат облечени во тренерки, а и останатите вработени веќе немаат униформи, туку си се облечени во својата гардероба од дома. Ова, според нив се должи, освен на изгубените пари од тужбата, пред се на недомаќинското работење на актуелниот и минатите директори.

Сето ова најверојатно уште долго ќе остане така бидејќи сега поштите ќе мора да вложат пари за сите неопходни промени, како за промената на името, така и за воведување на целосна двојазичност.

„ Македонски Пошти“ долги години промовираше поштенски марки за одредени историски, културен или историски поводи или јубилеи во Македонија со цел да го одбележи и зајакне идентитетот. Сега истото претпријатие го загуби својот идентитет.