Живот 13.02.2021 11:39

ANCIENT ORIGINS: Гробот на Александар Велики е откриен во 1995, објавувањето е спречено поради постоењето на Република Македонија

ANCIENT ORIGINS: Гробот на Александар Велики е откриен во 1995, објавувањето е спречено поради постоењето на Република Македонија

Иако поттикна голема возбуда, соопштението предизвика и силни политички превирања. Кусо претходно се случи распадот на Југославија по што уследија вжештени дебати откако федералната единица на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се обиде да се именува себеси ‘Република Македонија’ иако ‘Македонија’ илјадници години е името на северниот дел од Грција. Тоа биле тензични времиња и грчката влада била загрижена дека откривањето на грбот за кој се верува дека му припаѓал на Александар Велики, Македонецот, ќе го засили национализмот.

Ова е дел од, во голема мера прогрчкиот текст, објавен во 2014 година од страна на порталот Ancient origins. Порталот прави тенденциозни грешки во текстот, како на пример таа дека северниот дел на Грција е Македонија која му припаѓа на нашиот сосед илјадници години (а вистината е дека грчката држава прв пат стапнува на тлото на Македонија во 1912 година), но и покрај тоа, текстот е прилично интригантен. Посебно што, на пример, во еден разговор, и македонскиот археолог Паско Кузман своевремено тврдеше дека гробницата на Александар едноставно не смее да се открие во овие времиња. Впечатокот е меѓутоа, дека ако откритието на Сувалци е навистина гробот на Александар, Грците едноставно се плашат од откритието додека постои Република Македонија. А нејзе ќе ја снема, доколку помине договорт Заев-Ципрас (прочитајте ги одредбите од договорот за нашето препуштање на античка Македонија на Грција и се ќе ви биде јасно). Еве ја скратената верзија на текстот од кој го исфрливме првиот дел за смртта на Александар и пренесувањето на телото во Египет за што веќе сме пишувале:

…Лиана Сувалци, грчки археолог и членка на Лондонското друштво за истражување на Египет (Egyptian Expeditionary Society of London) која специјализирала на историјата на Александар Велики, ја поддржала хипотезата дека генералот Птоломеј ја исполнил желбата на Александар неговото тело да биде погребано во добро познатиот храм на врховниот египетски бог Амон Ра во оазата Сива.

Александар верувал дека е син на Зевс (Зевс-Амон=Амон Ра), теорија што подоцна му била ‘потврдена’ од Пророчиштето на Амон во Сива. Пророчиштето на Амон во Сива било од огромно значење во античкиот свет, особено за Грците кои верувале дека уметноста на прорекувањето од Пророчиштето на Амон во Сива стигнало до првото пророчиште во Грција, Пророчиштето во Додона.

Според дворските историчари на Александар, од ова пророчиште стигнала потврдата дека Александар е син на Зевс и во исто време легитимен фараон на Египет. Сепак, според грчкиот исторчар Плутрах (46-120 ПНЕ) пророкот од пророчиштето се обидел да зборува грчки и бил погрешно разбран дека Александар е син на бог- елемент што бил злоупотребен од политички причини.

Во секој случај, посетата на Александар на Пророчиштето на Амон во Сива имало огромно влијание врз него и од таа причина Сувалци верува дека оазата Сива била избрана како локација за неговата гробница.

Во 1984 година, Сувалци побарала од египетските власти дозвола да ископува во близината на оазата Сива, сместена меѓу депресијата Катара и египетското песочно море во либиската пустина, на речиси 50 км источно од границата со Либија и 560 км од Каиро. Во 1989 година, пет години откако било поднесено барањето, била одобрена дозволата и почнале ископувањата.

По само една недела од почетокот на ископувањата, Сувалци и археолошкиот тим дошле до спектакуларно откритие- откриле влез чуван од статуи на лавови на многу голем и навидум многу важен споменик. Во следните неколку години, ископувањата откриле дека споменикот е величенствена хеленистичка кралска гробница која се протегала на 525 квадратни метри. Освен лавовите на влезот, археолошкиот тим ископал голем број лавовски глави низ целата подземна структура – одраз на важниот статус на сопственикот, како и украси во грчки стил, грчки натписи и издлабен рељеф со симболот на Амон Ра – сето тоа посочувало дека гробницата му припаѓа на Александар Велики.

Еден од натписите, за кој Сувалци верува дека бил напишан од Птолемеј, се однесува на екстравагантниот транспорт на телото до таа гробница иако не се споменуваат никакви имиња. Во 1995 година било објавено меѓународно соопштение за откритието и како што сега се случува со гробницата во Амфиполис, низ светот, а особено во Грција, се раширила огромна возбуда дека конечно е пронајден гробот на Александар Велики. До оваа фаза, археолозите веќе успеале да стигнат до последната погребна одаја, но не влегле во неа.

Иако поттикна голема возбуда, соопштението предизвика и силни политички превирања. Кусо претходно се случи распадот на Југославија по што уследија вжештени дебати откако федералната единица на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се обиде да се именува себеси ‘Република Македонија’ иако ‘Македонија’ илјадници години е името на северниот дел од Грција. Тоа биле тензични времиња и грчката влада била загрижена дека откривањето на грбот за кој се верува дека му припаѓал на Александар Велики, Македонецот, ќе го засили национализмот. Како резултат на тоа, грчката влада со ‘директна дипломатска интервенција’ побарала прекин на ископувањата. Тогашниот премиер Костас Симитис испратил еден советник од грчката амбасада да побара од египетската влада да ја повлече дозволата на Сувалци за ископување и да го спречи понатамошното истражување на гробницата. Египетската влада веднаш ја информирала Сувалци за оваа интервенција велејќи ѝ дека прв пат се случува да биде побарано од нив да прекинат ископување на толку важен споменик и дека тоа претходно никогаш не се случило. Тие ѝ рекле дека ако сака да продолжи со ископувањето, тоа ќе мора да го разреши со грчката влада.

Мапа на гробницата

Сувалци го контактирала Пангалос, министер во грчката влада, која ѝ објаснила дека откривањето на гробницата на Александар ќе го зголеми национализмот во Грција, што во тоа време не било пожелно. Кога новата грчка влада ја заменила старата, таа повторно се обидела да ја тргне блокадата и повторно да добие дозвола за ископување, но сите нејзини напори биле блокирани на највисоко ниво. Во неодамнешното интервју за една грчка телевизија, Леана Сувалци спомена дека додека бил во Египет, израелскиот амбасадор ја посетил гробницата во оазата придружуван од група научници. Амбасадорот ѝ рекол дека тоа е многу големо откритие, но дека истото би ја сменило политичката ситуација во Египет и би го ја нарушила рамнотежата меѓу повеќе други држави. Амбасадорот ѝ рекол дека иако таа имала храброст да се бори со вистината, понекогаш која ја откриваш вистината ја плаќаш и цената за тоа.

Еден од лавовите што ја чувал гробницата

Дваесет години по нејзиното неверојатно откритие, Сувалци сè уште се бори за дозвола да продолжи со своите ископувања. Таа му го посвети својот живот и вложи и лични средства во овој проект, и изрази длабока загриженост за зачувувањето на споменикот кој оттогаш претрпел обемна ерозија. Денес, величенствената гробница за која се верува дека му припаѓа на Александар Велики во оазата Сива е под заштита на египетските власти. Во неа не влегува никој и засега никој нема дозвола да влезе во последната одаја која, еднаш засекогаш, може да разреши една од најголемите мистерии на античкиот свет.