Некатегоризирано 14.07.2019 13:06

Андоновска: На повидок е нов скандалозен тендер за набавка на мамографи

Андоновска: На повидок е нов скандалозен тендер за набавка на мамографи

Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери. Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината – стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи, изјави на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари! Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните. Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери.“

Андоновска вели дека министерот Филипче треба да даде повеќе одговори.

„Зошто дупло поскапи мамографи? Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер? Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма? Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?“

-Знаеме Филипче бега од одговори, бега од дебати со оние кои имаат поинакво мислење. Но, станува збор за трошење на народни пари и во овој случај одговорност мора да има. Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството, потенцираше Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.