Актуелно 17.05.2018 14:50

Андреја Јосифовски: Цената на нафтата уште ќе расте, по две недели треба да се покачи 1,5 денар

Андреја Јосифовски: Цената на нафтата уште ќе расте, по две недели треба да се покачи 1,5 денар

Реално е да се очекува дека цените ќе одат нагоре. Трендот на цените по котацијата од понеделникот повторно покажува нагорна линија идизелот треба да се покачи 1,5 денар а бензинот за еден литар, вели Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол.
Тој, овие негови констатации ги изнесе во интервју за синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат-м телевизија, емисијата посветена на зголемувањето на цената на дериватите.

-Реално е да се очекува дека цените ќе одат нагоре. И во периодот кога цените паднаа на нивото 28 долари по барел, тоа не беше реална состојба на понудата и побарувачката на пазарот. Да се разбереме. Сурова нафта има доволно за наредните 100 години, меѓутоа политиката го прави своето, рече Андреја Јосифовски.
Јосифовски со жалеже тврди дека со оглед на моменталната состојба не можеме да очекуваме ништо добро, бидејќи тој е убеден дека цената на нафтата ќе продолжи да расте.

Со оглед на моменталната состојба, мене ми е жал што морам да кажам, не може да очекуваме ништо добро, бидејќи убеден сум дека цените на нафтените деривати во наредниот период ќе растат, истакна претседателот на Управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски.
Тој тврди дека растот на цената на нафтените деривати ќе се случи затоа што ние имаме методологија според која Регулаторна комисија за енергетика ги формира цените на секои 15 дена, тука се зема во предвид движењето на суровата нафта и нафтените деривати на светските берзи во претходните две недели и односот помеѓу курсот на доларот и нашата домашна валута, денарот. При што тој ќе додаде дека врз база на последната котација дизелот треба да се покачи 1,5 денар.

-Со последната промена на цените која се случи вчера со важност од денес, се изврши покачување кај бензините за 2,5 денари а кај дизелот за денар, меѓутоа само на еден ден котација. Вчерашната котација од понеделник, покажува дека трендот на цените повторно е во нагорна линија и дизелот треба да се покачи 1,5 денар а бензинот за еден денар, беше дециден Јосифовски.