Актуелно 17.09.2019 09:47

Анѓушев исплашен избега од соочување со докази за местење тендери!?

Анѓушев исплашен избега од соочување со докази за местење тендери!?

Кочо Анѓушев избега од дебата со Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии од редовите на СДСМ Драган Тевдовски, кој си даде оставка на позицијата поради несогласувања со економските политики на власта, криминалот и корупцијата во истата. Дебатата која требаше да се одржи на 24 вести вчеравечер во 20:45 не се одржа зошто Анѓушев не дојде.

Ете Кочо Анѓушев не дојде, и ја лиши јавноста да одговори на неколку интересни прашања, напиша меѓу другото Јовановиќ во свој фејсбук статус по емисијата. Инаку Јовановиќ е прв висок функционер во владата на Заев кој јавно го обвинил Анѓушев за криминал. Поранешниот советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ по напуштањето ма министерството тврдеше дека вицепремиерот Кочо Анѓушев требало прв да биде сменет од владата.

Како што објави Сител тогаш во смс порака им одговорил дека мислел на Анѓушев кога објавил на Фејсбук дека од метлата во требало прво да бидат зафатени оние кои работеле за личен интерес и местеле тендери. Јовановиќ го објави ова по одлуката на премиерот Заев за владина реконструкција и смена на министерот за финансии Драган Тевдовски. Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа…, напиша Јовановиќ.

Дали недоаѓањето на дебатата со Јовановиќ е бегање од соочување со докази за криминал и местење на тендери, јавноста останува да дознае.