Актуелно 08.11.2018 21:35

Анѓушев : Моето работење нема конфликт на интереси

Анѓушев : Моето работење нема конфликт на интереси

Актуелниот вице премиер Кочо Анѓушев вечерва гостуваше во емисијата Само вистина на Канал 5  каде се зборуваше за скандалите што  го следат со стечајот во„ Фени Индустри“  и за другите скандали кои беа присутни во јавноста од кога  вице премиерот е дел од Владата.

Имено, вице премиерот  во емисијата кажа дека фактите кои ги изнесе телевизија Алфа за случајот со Фени индустри се невистинити . Инаку документите кој ги открива „Алфа“, покажуваат дека „Енерџи Деливери Солуншнс“, која во моментот на скандалот беше во сопственост на Анѓушев, со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од ФЕНИ во висина на споменатата сума, Со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението.

На 28.07.2017 година, ФЕНИ и компанијата на Анѓушев потпишале договор за цесија со кој се предвидува дека со долгот на УЈП кон ФЕНИ за поврат на ДДВ, ќе се покријат долговите на ФЕНИ кон ЕДС.

Во емисијата исто така Кочо Анѓушев истакна дека со ваквите таканаречени вести некој сака да му наштети , дека е оваа една хајка против него и дека неговото работење до сега како вице премиер нема никаков конфликт на интереси и дека неговите фирми не земале државни тендери.

„Моите фирми додека сум јас вице премиер не земале државни тендери каде што јас сум имал било какво влијание да управувам, колку што јас знам без да имам сознание за тоа компаниите учествувале на неколку постапки на не повеќе од неколку десетици илјади евра„

Инаку во јавноста излегоа голем број на скандали каде фирми на вице премиерот учествувале на тендери и добиле парични средства од државата како примерот со Фондот за иновации 160.000 евра од Фондот за иновации легнале на сметката на „Каст инвест“, компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. Од неговиот кабинет тогаш кажаа дека немало ништо спорно во ова. Исто така порталот Република во Август оваа година  објави вест дека  дека Брако ДПТУ Велес, каде како сопственик се јавува Кочо Анѓушев добила тендери од 4 државни установи во висина од 2 милиони и 380 илјади денари.

Инаку, Кочо Анѓушев , изјави во интервју за Топ Тема, во септември 2017 година, дека  „Фероинвест“ и останатите компании нема да учествуваат на државни тендери.

„Секаде каде што ќе имам можност да влијаам на било каква постапка, таму моите  компании нема да учествуваат не само по закон, по закон можат да учествуваат од морални причини нема да учествуваат“