Актуелно 23.01.2020 14:57

Антикорупциска: Ако се реши „Рекет“ќе се зголеми довербата на граѓаните во институциите

Антикорупциска: Ако се реши „Рекет“ќе се зголеми довербата на граѓаните во институциите

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска смета дека ако се реши случајот „Рекет“, ќе се подобри перцепцијата за корупцијата во земјава, но ќе се зголеми и довербата на граѓаните во институциите.

Според Ивановска, и сé да не чини во државата, ако оној што пресекува – правосудството си ја заврши работата со ефект, тогаш и перцепцијата за корупцијата ќе биде поинаква. Негативни случаи секогаш имало и ќе има, но поентата е како тие ќе се решат и каква порака ќе пратат на останатите чинители во општеството.

За жал, ни се случи тешка и лоша работа минатата година, случајот „Рекет“ кој многу придонесе да се влоши перцепцијата за корупцијата во нашата држава. Добро е што се работи на овој случај, а уште подобро ќе биде ако се сработи, па луѓето малку да ја променат перцепцијата, да ја зголемат довербата во институциите, изјави претседателката на ДКСК, одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција“.