СДСМ воопшто не се грижи за спортот и спортските работници.Владата со ребалансот крати 836.715 евра наменети за спортот во земјава, вели Данијел Апостолоски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев додека беше опозиција зборуваше дека спортистите заслужуваат професионален третман, ветуваше поддршка, и поголеми инвестиции. Заев исто така ветуваше дека спортот и спортистите ќе ги крене на пиедесталот во нашето општество, и ќе им помага во остварувањето на забележителни спортски резултати. Сега сме сведоци дека не само што не дава поддршка и поголеми инвестиции во спортот, туку крати од парите наменети за македонските спортисти. Кратењето на парите од буџетот значи помалку пари за ракометот, за фудбалот, кошарката, и одбојката во земјата. Ова кратење посебно ги погодува македонските спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, а кои постојано Република Македонија успешно ја претставуваат на меѓународни натпреварувања. Дополнително кратењето на парите во буџетот за спортот значи помалку пари наменети за македонските спортски таленти и надежи, со што Владата на СДСМ сериозно си поигрува со иднината на македонскиот спорт. Ветуваа и спортски финансиски фонд во првите шест месеци од преземање на власта како една од нивните најзначајни мерки за стимулирање на спортот, но еве помина повеќе од година ипол година, а не само што го нема фондот туку дополнително се кратат пари. вели тој.
Апостолоски обвинува дека СДСМ докажа дека воопшто не води грижа за македонскиот спорт.
-Откако се дојдени на власт не само што не направија апсолутно ништо за подобрување на состојбите во спортот, туку и му нанесуваат удар на македонскиот спорт и сериозно му ги кратат финансиите. За споредба ВМРО-ДПМНЕ го зголеми процентот за инвестирање во македонскиот спорт и значително ја подобри спортската инфраструктура во земјава. ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт изгради 35 спортски сали и започна проект за изградба на 145 училишни сали. Да не беше ВМРО-ДПМНЕ денес немаше да ги имаме ниту Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, ниту арената „Филип Втори“, каде што се одржуваше „Суперкупот“. Дополнително на тоа, ВМРО-ДПМНЕ започна со доделување на спортски стипендии за млади, талентирани спортисти, и воведе спортска пензија како највисоко спортско признание со кое ги вреднуваше успесите на нашите докажани спортисти. Се што направи СДСМ досега е кратење и уназадување на спортот во Република Македонија. За година ипол СДСМ ги понижи спортистите како едни од најголемите амбасадори на земјава во светот. И СДСМ докажа дека ниту им се важни спортистите, ниту спортските успеси на Република Македонија. Затоа што поскоро си замине СДСМ, толку побрзо ќе се врати дигнитетот, спортот, и спортските работници во Македонија, рече тој.