Банкарство 14.05.2018 10:17

Apple и Goldman Sachs се обединуваат за нов тип на дигитално плаќање

Apple и Goldman Sachs се обединуваат за нов тип на дигитално плаќање

Apple и Goldman Sachs работат со месеци на нов производ – кредитна картичка која ќе го носи брендот Apple Pay, објави „Њујорк тајмс“, наведувајќи запознаени извори, кои сакаат да бидат анонимни.

Производот ќе биде првиот предлог на Goldman за кредитни картички и ќе помогне на напорите на Банката да ги прошири своите производи за широка потрошувачка. Договорот на Apple може да и помогне да ја прошири услугата за плаќање на Apple Pay.

Двете компании веќе со месеци преговараат, но сé уште не ги разјаснале сите детали. Портпаролот на банката, Ендрју Вилијамс и портпаролката на Apple, Кристин Монаган, одбија да коментираат.

Новата картичка ќе се вклопи во пакет на производи за широка потрошувачка што Goldman неодамна го лансираше, како штедна книшка и низа лични заеми преку услугата за корисничко банкарство. Банката се надева дека ќе ги искористи овие нови производи за да ја намали својата зависност од приходите од тргување во наредните години.

Картичката може да му помогне на Goldman да влезе во животот на корисниците на iPhone кои претставуваат многу поширок спектар на клиенти отколку што компанијата моментално им служи.

„Ова се чини дека има смисла“, изјави Девин Рајан, аналитичар на JMP Securities. „Ова е само едно парче од многу поголема загатка што се формира – бизнисот за финансирање на потрошувачите на Goldman“, рече тој.

Во декември, банката ангажирала тим од стартап за кредитни картички, наречен Final. Во април, ја купија мобилната апликација Clarity Money која им помага на потрошувачите да ги најдат најдобрите шеми за кредитна картичка. Апликацијата е симната милион пати.

Apple веќе има една брендирана кредитна картичка понудена од Barclays. Оваа картичка им овозможува на корисниците да заработат поени што можат да ги користат за картички за подарок за Apple или да го финансираат купувањето на нови производи од компанијата.

Apple го претстави Apple Pay во 2014 година како можност да платите сè – од сендвич до лаптоп само со вашиот паметен телефон. Всушност, корисниците ги поставуваат своите податоци за кредитни или дебитни картички на Apple, а потоа ги користат нивните iPhone, Apple Watch или други производи на компанијата за да платат за нивните производи во продавници или на интернет.

Менаџментот на Apple изјави дека Apple се обидува да ги замени парите и картичките како примарен начин на плаќање, бидејќи корисниците на iPhone можат да ја користат Apple Pay дури и на локации кои сè уште не прифаќаат дигитални плаќања.

И покрај ветувачките придобивки, истражувачката фирма Loup Ventures минатата година пресмета дека само 13% од активните корисници на iPhone ја активирале услугата. Apple Pay не е ниту најпопуларниот мобилен платежен сервис. Се соочува со сериозна глобална конкуренција од Samsung Pay и Google Pay, како и Alibaba Alipay на Alibaba и WeChat Pay на Tencent во Кина.

Goldman, исто така, ќе се појави во преполно поле, каде што ривалите неодамна дознаа дека правењето пари од кредитни картички не е лесно. JPMorgan Chase објави загуба од 200 милиони долари откако нејзината картичка Sapphire Reserve беше лансирана, а потрошувачите побрзаа да ги искористат предностите на големиот бонус за регистрација што го придружуваше.

„Пазарот на кредитни картички е исклучително конкурентен токму сега, особено за луѓето од повисоката класа“, вели Мет Шулц, аналитичар на CreditCards.com.

„Ќе биде интересно да се види што овие два бренда можат да направат за да создадат нешто што може да биде различно“, рече тој.