Поранешниот албански амбасадор во Македонија, Арбен Чејку за ABC News рече дека вистинската победа за новиот претседател Стево Пендаровски му ја овозможил Али Ахмети, пренесува порталот на албански јазик Медиал.мк.
-Во општините каде што Македонците имаат доминација, Пендаровски немаше некој голем резултат, вистинската победа му ја дадоа Албанците, Ахмети, кој според мене е морален претседател на Северна Македонија, кој водеше многу важни процеси за договорот со Грција, дури и за членство во НАТО “, рече Чејку.