Актуелно 26.12.2019 12:39

Арсовска: Работниците и компаниите бегаат од Македонија затоа што во државата не постои функционален систем

Арсовска: Работниците и компаниите бегаат од Македонија затоа што во државата не постои функционален систем

Во денешниот утрински брифинг на Слободна ТВ, претседателката на Сојузот на Стопански комори на Македонија, Данела Арсовска зборуваше за тоа дека доколку и работниците и компаниите не се задоволни од условите во земјата бегаат од државата и гледаат да најдат соодветни и подобри услови кои ќе им одговараат на нив.

Имено таа во своето гостување истакна зошто го прават сето ова односно зошто бегаат од Република Македонија и го истакна следното:
-Генерално зошто го правaт ова е немање на функционален систем. Тие бараат да видат поместување во правец кој што ќе им покаже дека во блиска иднина ќе има еден систем кој ќе биде функционален, праведен и правичен. Тоа значи дека ќе има владеење на правото или волја за владеење на правото, справување со корупцијата, справување со девијантни појави односно она што му е значајно на секој еден човек овде без разлика дали работи во приватниот сектор , дали е сопственик на компанија да виде дека системот ќе отпочне да функционира квалитетно.

Таа во своето гостување додаде дека тие како Сојуз на стопански комори постојано алармираа на тоа кои се потребите не само на работодавачите, туку и на работниците им недостигаат за да се спречат овие движења односно да луѓето и компаниите ја напуштаат државата.