Актуелно 27.03.2019 16:49

Арсовски: Бизнисот на Заев цвета и во Бугарија

Арсовски: Бизнисот на Заев цвета и во Бугарија

Бизнисите на кланот Заеви не само што цветаат во државава откако  Зоран Заев е на власт, туку цветаат и во странство. Во случајов во соседна Република Бугарија.

На вчерашниот дуел бевме сведоци како Зоран Заев најпрвин јавно кажа дека воопшто не знаел за фирмите во странство нанеговт семејство, во случај за фирми во Бугарија на неговиот братучед Трајче Заев и зет Славиша Бојовиќ, за веднаш потоа да признае дека неговото семејство поседува фирми во странство.

Имено, се работи за 3 фирми, фирмите Гомасидра, Ориент Груп и Радиша Трејд.

Фирми кои што се основани од неговите роднини, Трајче Заев и Славиша Бојовиќ Заев.

Во фирмата Гомасидра, која инаку е регистрирана во општина Благоевград, град Петрич, како градежна фирма, најпрвин уште во јуни 2017-тата година сопственик бил Сашко Брндевски, истиот оној кој продаде градежно земјиште на Вице Заев за стан од 40 квадрати, за во август 2018-тата година фирмата да ја преземе братучед му на Зоран Заев, Трајче Заев.

Втората фирма е Ориент Груп, каде што сопственик е Трајче Заев, фирма регистрирана во јуни 2018 од страна на Вице Заев, браотот на Зоран Заев и Славица Заева, а преземена од братучед му  Трајче Заев во декември 2018 година. Фирмата е основана со влог од околу 5000 евра односно 10.000 лева и е на истата адреса како и претходната фирма во градот Петрич. Оваа фирмата е за транспорт и логистика.

Третата фирма е фимата Радиша Трејд, фирма на Радиша Бојович Заев, иначе зетот на Зоран Заев. Фирмата е регистрирана на истата адреса во Петрич како претходните две и исто така се бави со транспорт и логистика, а е основана и регистрирана во август 2016 година.

Почитувани,

А отвори уста Зоран Заев, а излаже. Тоа е Зоран Заев.

Зоран Заев безобразно излажа пред 2 милиони граѓани на ТВ дуел. Зоран Заев без срам најпрвин кажа дека нема неговото семејство фирми во Бугарија, за потоа веднаш да потврди дека има фирми во странство.

Почитувани,

Од што е лоша бизнис климата во Република Македонија, Заеви своите бизниси ги вадат надвор во странство и од таму профитираат.

Ни Заев не си верува дека бизнис климата во Република Македонија е добра како што тоа проба да го наметне во јавноста подолг период.

Почитувани,

Веднаш да се одговори дали овие роднини на Заев имаат фирми во странство и за која цел истите се оформени?

За да се стави крај на сите овие лаги на Зоран Заев, сите масовно да излеземе на изборите и да го поразиме СДСМ. Да ставиме крај на непринципиелното владеење за личен интерес на кланот Заев, на картелот на власт и на СДСМ.

Интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ