Актуелно 26.05.2020 13:57

Арсовски: Да имаше правда наместо извршителите, нарачателот Заев ќе беше на обвинителна клупа

Арсовски: Да имаше правда наместо извршителите, нарачателот Заев ќе беше на обвинителна клупа

Право и правда во Република Македонија одамна нема. Да имаше правда и независно правосудство, денеска на обвинителната клупа за случајот „Рекет“ за завршни зборови ќе беше подготвен Зоран Заев. Но, бидејќи Заев ги уценува сите, а Вилма Русковска му е под целосна контрола, денеска завршни зборови во случајот „Рекет“ ќе има само за двајца извршители, кои исто така се уценети од Зоран Заев и мораат да молчат и да не ја кажат вистината, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова кое што ќе го видиме денес во завршните зборови и слушнеме е само фарса за пред граѓаните, да се спаси Зоран Заев од сигурен затвор за случајот „Рекет“ односно за рекетирање на над 1.5 милиони евра од бизнисмен. Рекетот во висина од 1.5 милиони евра во Луј Витон торба стана навика на оваа Влада на СДСМ и Заев целиот овој мандат. Од самиот почеток случајот се води непрофесионално и аматерски. Најпрвин извршителите беа известени од Зоран Заев дека сите се знаат за рекетот, а потоа им беше допуштено одреден период да бришат, прикриваат докази и губат телефони во кои што има доказен материјал.  Денеска гледаме дека Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал, а граѓаните на големо ја зборуваат неговата улога во случајот „Рекет“, рече тој.

Арсовски порачува дека сите знаат кои се извршителите, а кој е главниот организатор.

-Тоа е Зоран Заев. Но, тоа ќе го докаже независното правосудство и судство кое не е уценето од Зоран Заев. На Заев и СДСМ им се брза што побрзо да го завршат случајот „Рекет“ пред изборите, за да не се дознаат нарачателите на случајот „Рекет“. Заев е свесен дека само во вакво „трас-трас“ судство ќе може да се извлече од очигледниот случај фатен за рекетирање.         ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и затоа ќе победи на изборите. Со СДСМ и Заев добивме „Рекет“, хибриден режим, неспособност и сиромаштија. Му доаѓа крајот на Заев, доаѓа крајот на СДСМ, на нивниот криминал и лагите, порача Арсовски.