Економија,Мозаик 28.06.2018 12:19

Асгардија – првата вселенска нација

Асгардија – првата вселенска нација

Игор Ашурбејли е првиот лидер на новата вселенска држава Асгардија, пренесоа деновиве светските медиуми. За новата вселенска држава има податоци и на Википедија, каде што е наведено дека нејзинот седиште се наоѓа во Виена. – Ги формиравме сите гранки на нацијата. Можам да кажам дека се роди Асгардија, изјави милијардерот.
Без разлика што Асгардија нема никаква територија на Земјата, таа веќе има околу 200.000 граѓани кои ја поддржаа оваа идеја преку интернет, како и амбициозни планови за населби на ниската орбита на планетата и колонизација на Месечината.
Асгардија има се што е потребно за формирање држава: устав, знаме, химна и избрани претставници, а наскоро државата би требало да добие и своја нова криптовалута „солар“, за
градење на економијата. Што се однесува до врските со Земјата, Ашурбејли истакна дека имаат план да изградат независна држава.