„Денеска заедно со министерот и земјоделците постигнавме договор за овогодинешната откупна цена на пиперката од реколатата 2025 година. Откупните цени на пиперката оваа година се повисоки во однос на лани “, истакна преработувачот Петар Атанасов.
Тој при својата изјава посочи дека со овогодинешните откупни цени земјоделците ќе бидат задоволни.
„Очекуваме подобар квалитет, очекуваме и реален откуп и пласирање на пиперката“, појасни Атанасов.
„Сакам да апелирам земјоделците да не брзаат со бербата бидејќи целата количина на пиперка ќе биде откупена“, додаде тој.
Преработувачот истакна дека откупната цена за прва класа ќе изнесува 45 денари, прва – втора класа ќе изнесува 35 денари, за килограм пиперка од втора класа ќе изнесува 20 денари и за трета класа откупната цена ќе биде 15 денари.