Министерот за транспорт Александар Николоски денеска најави откочување на работата на автопатот Кичево-Охрид и почеток на градба на автопатот од Кичево до Букојчани. Очекува за скоро време да биде завршен и патот од Прилеп до Градско, како и сериозно да се посветат на реализација на автопатските делници од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола.
Во изјава за медиумите дадена по посетата на Градежниот факултет во Скопје, министерот Николоски рече дека остануваат на ветувањето до крајот на 2026 година да има функционален автопат.
– Во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат, а се на самата траса. Она што можам да кажам е дека како ќе правиме, ќе правиме, но ветувањето што го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат, ќе го реализираме, рече Николоски.
Според деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, она што се случува со автопатот Охрид-Кичево покажува дека проектирањето на сериозни инфраструктурни проекти особено линиски инфраструктурни проекти заслужува многу поголемо внимание и подолг период на проектирање.
– Таму има многу елементи што се специфични од различни аспекти, меѓутоа генерален заклучок што може да се извлече е дека проектирањето е многу важна фаза во целокупната изградба на вакви капитални инвестиции. Проектот има долга историја. Работен е во едно друго време. Почнат е да се проектира во минатиот милениум, во 1999 година, со некои други сфаќања и други правила во решавање на одредени технички проблеми. Кога денес би се проектирал овој автопат сигурно би се пристапило поинаку и би се нашле поинакви решенија за одредени проблеми кои сега се јавуваат, рече Марковски.
Во изјава за медиумите, министерот Николовски најави реализација на големи инфраструктурни проекти и како ш рече негова заложба ќе биде да с ангажираат домашни компании.
– Дефинитивно моја заложба број еден, ќе биде и да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата и средствата што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, но, уште повеќе знаењето да останува и да се надградува затоа што реализацијата на секој проект, особено на големите значи знаење и искуство плус. Факт е дека во последните години, за жал, Македонија во тој дел заостанува и мора да направиме големи чекори во периодот што следува, рече Никооски.
Во на железницата рече дека првиот приоритет што треба да се развива заедно со Македонски железници е Коридорот 10.