Економија 01.08.2024 13:23

Банката на Јапонија ги зголеми каматните стапки и ќе го ограничи откупот на обврзниците

Банката на Јапонија ги зголеми каматните стапки и ќе го ограничи откупот на обврзниците

Банката на Јапонија ги зголеми клучните каматни стапки на состанокот за монетарната политика што заврши денеска и најави дека очекува инфлацијата во земјата да се движи околу 2 отсто во наредните години, пренесуваат Ројтерс и Си-ен-ен, објави „24Часа.бг“.
Со оглед на тоа, банката презентираше и план за постепено намалување на купуваето обврзници, со што би се ставил крај на повеќедецениската политика на монетарни стимулации на економијата.

На прес-конференција подоцна менаџерот на Јапонската централна банка ги зголеми каматните стапки. Според банката, инфлацијата во земјава во тековната финансиска година ќе достигне 2,5 отсто и ќе се движи околу два отсто во 2025 и 2026 година. Со ваквиот развој каматните стапки ќе се движат во нагорна линија, прогнозира банката. Финансиската година во Јапонија започнува во април и завршува во март следната година.