Батлерот на покојната принцеза Дајана тврди дека војвотката Кејт Мидлтон има љубов и поддршка од кралското семејство, она што од секогаш го посакувала Дајана, но никогаш не го добила.
Пол Бурел во документарецот „Приказната за Дајана“ открива досега непознати детали за кралското семејство, пренесува „Експрес“.
Кејт е многу среќна жена затоа што има нешто што Дајана никогаш го немала. Таа има сила и може многу работи да направи – вели Бурел додадвајќи дека војвотката ја има поддршката од кралското семејство.