Актуелно,Економија 07.12.2018 16:03

Беџети: Со оданочување на трудот пред оданочување на капиталот не може да се намали нееднаквоста

Беџети: Со оданочување на трудот пред оданочување на капиталот не може да се намали нееднаквоста

Професорот Абдулеменаф Беџети на дебата за новиот закон за прогресивно оданочување во Собранието на Република Македонија, истакна дека со оданочување на трудот место оданочување на капиталот не може да се намали нееднаквоста, при што додаде дека, за разлика од сега, кога се воведуваше рамниот данок биле најавени пораст на инвестициите, нови вработувања и подобрување на стандардот на граѓаните.

-Сега се очекува со поголемиот данок врз 1 отсто од граѓаните да се подобри еднаквоста, што е преамбициозно. Не може да се постигне таков ефект со средствата што се планира да се соберат. Од друга страна, се става акцент на оданочувањето на трудот, пред оданочувањето на капиталот, што, според мене, е нелогично. Би требало приходите од капитал и дивиденди да бидат најоданочени, посочи Беџети, додавајќи дека, меѓу другото, институциите имаат право и на конфискација, но не го применуваат тоа.

Тој потсети дека повисоките даноци ќе донесат даночна евазија, па праша дали институциите се подготвени да се справат со евазијата за законот да ги оствари очекувањата.