Актуелно 15.12.2023 08:37

Бектеши: Нема да има поскапување на струјата, повеќе ќе плаќаат оние кои имаат 2-3 стана

Бектеши: Нема да има поскапување на струјата, повеќе ќе плаќаат оние кои имаат 2-3 стана

Граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за електрична енергија од 1 јануари. Ова важи за домаќинствата, за семејствата и малите потрошувачи кои се дел од првиот и вториот блок. Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој додаде дека новиот данок се однесува само на оние граѓани кои имаат по 2-3 куќи, стана или компании, односно големите потрошувачи.

Што се однесува до барањето на енергетските компании, Бектеши вели дека може да бараат и 500% на трошоците кои ги пријавуваат, но РКЕ ќе донесе одлука колку од тие трошоци ќе бидат прифатени.

До крајот на годината, РКЕ треба да ја објави новата цена на електричната енергија. Според информациите кои беа соопштени пред 2 дена, енергетските компании бараат од Нова Година струјата да се наплаќа за 27% поскапо. ()