Актуелно 20.09.2023 11:45

Бектеши: Од наредната недела намалени цени на пијалоците

Бектеши: Од наредната недела намалени цени на пијалоците

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци ќе се намалат за 10% во наредниот период.

„Намалување на цените на безалкохoлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “Гарантирана цена” со намалување на цените од минимум 10%!“, пишува Бектеши.

Благодариме на подршката“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.