Економија 17.05.2018 14:34

Белата куќа се уште се надева дека до утре може да се постигне договор за НАФТА

Белата куќа се уште се надева дека до утре може да се постигне договор за НАФТА

– Белата куќа изрази надеж дека се уште е можно да се постигне трговски договор со Мексико и Канада до утре, кога истекува рокот до кој може да се
постигне согласност за измени во договорот НАФТА. Доколку договорот остане неизменет, се очекува дека конгресните избори во САД и претседателските избори во Мексико ќе доведат до одложување на било какви промени во НАФТА до следната година.
– Се уште сакаме да видиме нешто да се случи во врска со ова. Разговорите се во тек, ние ги поттикнувам да се оди напред и се надеваме дека нешто ќе се случи, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.
Претходно, мексиканскиот министер за финансии Иделфонсо Гуахардо изјави дека времето е премногу кусо да се постигне договор. Канадската министерка Кристија Фриленд рече дека нема планови да отпатува во Вашингтон.