Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја.
Официјално од полноќ при влез во Грција нашите граѓани македонско-грчката граница ја минуваат само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој на македонски, англиски и француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци за прв пат печати ставаат во пасошите.
Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја.
Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава,ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.