Еден од четири вработени во Романија мислат дека треба да имаат платен оброк од страна на работодавачите, односно истиот да влегува во бенефициите од работното место, пишува Romania Insider. Според истражувањето спроведено од Frames Media Network, ова треба да влезе во договорот за работа, а за истото најмногу се залагале вработени кои имаат над 30 години.Во повеќето работни позиции во Романија платен оброк не е пракса, мал број на организации даваат брза храна како дел од бенефициите, а минимален процент понудиле квалитетно јадење.
Сепак најголем дел од испитаниците (71%) сметаат дека платата е најважна, на второ место е стабилноста на работната позиција, (43%), а потоа следуваат работниот распоред (41%),
здравственото осигурување (37%), бесплатен транспорт (28%), бесплатен оброк (24%) и службен автомобил (18%).
Истражувањето беше направено на примерок од 500 вработени од 1 до 10 септември.