Од полноќ нови цена на горивата. Регулаторната комисија за енергетика објави дека за еден денар се намалуваат цените на бензините, а дизелот ќе се продава по стара цена.
Еуросупер 95 ќе се продава по 71 денар, а 98-цата ќе се точи по 73 денари. Дизелот и натаму ќе се продава за 63,5 денари за литар. Што се однесува до цената на екстра-лесното масло за домаќинства, ќе има намалување за половина денар и ќе се продава по 52 денари. Овие нови цени ќе важат во следните 14 дена.