Живот 28.06.2018 11:32

Без струја делови на Ѓорче Петров и Кисела Вода

Без струја делови на Ѓорче Петров и Кисела Вода

„ЕВН Македонија“ информира дека за денеска се планирани исклучувања во електросистемот во Ѓорче Петров и во Кисела Вода.

Па така, во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата Смољани (општина Ѓ.Петров), додека во периодот од 8 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од булеварот Борис Трајковски (само објектот на Агрометал) во општина Кисела Вода.