Дали понекогаш се забележувате самите себе си како неконтролирано викате во обид да воведете ред во вашиот дом? Како тоа да го промените, а истовремено на децата да им дадете до знаење дека мораат да бидат послушни?
Прво размислете кои се најчестите причини за вашиот повишен тон. Детето не го сторило тоа што сте го побарале од него, прегласно е, не слуша или се препира со вас? Претежно фокусот секако е на децата. Сепако, причината за повишување на тонот најчесто е многу едноставна, не се поврзувате со децата.
Ова звучи помалку патетично, но ако малку подобро размислите, многу ретко имате време да седнете со детето и мирно да му објасните што и како треба да направи, повеќето работи на детето му ги кажувате патем додека готвите ручек или перете алишта и притоа на ум имате уште барем десетина задачи кои пред спиење морате да ги завршите.
Како да се ослободите од викањето?
Приближете се до детето. Допретете го детето за рамото и со смирен тон речете му што имате. Освен што детето многу сериозно ќе ве разбере, нема да имате нервни напади, туку ќе останете смирени.
Кога детето плаче или вреска, приближете му се.
Кога ги игнорира вашите барања, приближете му се.
Кога децата започнуваат расправа, не викајте, туку приближете му се и тивко одговорите.
Резултат?
Велат дека е успешен во дури 90 отсто случаи.