Мозаик 23.05.2018 10:05

Бидете најдобриот шеф

Бидете најдобриот шеф

Кога сте на менаџерската позиција се се смета. Морате во секој момент да бидете свесни колкаво влијание имате на својот тим, од кошулата што сте ја одбрале и изборот на чевли, расположението, работните и другите одлуки, наградувањата и многу други работи. Не сте само оној кој одлучува и дава задолженија, туку сте модел кој треба да се следи.

Бидете добар модел. Бидете најдобар шеф на светот.

Дали во скриен агол на канцеларијата, дали за време на викенд или на заеднички состанок, членовите на вашиот тим мораат да бидат горди на вас, нивниот шеф.

Дали знаевте дека вработените сакаат да дојдат на работат каде шефовите ги сакаат и ценат?

Големо, ако не и најголемо е влијанието врз нивниот однос кон работата и обврските зависат од претпоставените. Дали сте слушнале дека некој секој ден се радува на работата, а има шеф кој веднаш би го заменил доколку е во можност? Таквите се ретки.

Пред се да бидете човек кој работи со луѓе.

Потрудете се максимално вашите вработени да ги запознаете со работата каде ќе можат да ги покажат своите квалитети и афинитети, а не да ги играат улогите кои вие ќе им ги замислите. Наведете ги да ја превземаат одговорноста.

Вашата улога е да ги избришете бариерите и да им дозволите на вашите луѓе да се шират во секоја смисла.

Ценете го секој нивни труд и по вас ќе одат и по вжарени камења за што ќе морате да покажете почитување и благодарност.

Шефувањето е како вид на родителство.

Навистина е така. Бидете грижливи, искрени, отворени и без пауза и одлагање. Вие ќе добиете повеќе за возврат.

Опкружете се себе си со луѓе кои се подобри од вас, кои знаат повеќе во некои области од вас.

Вие неможете да знаете се и да бидете најдобар во се. Тоа навистина не сте. Вие сте лидер на тимот. Тоа е можеби најважната ваша задача, да ги инспирирате и мотивирате.

Не заборавајте дека сте многу влијателна личност во животот на вашите вработени и нивниот квалитет на живот е многу зависен од вашите постапки.

Кога се од горе ќе се собере заедно, можете да ја добиете равенката за кој е најдобриот шеф на светот. А тоа е внимателен, трпелив и емоционално многу интелегентен. Ако како шеф сте слаб во било кој елемент, учете и усовршете се. Се може да се научи, само немојте на луѓето околу вас да им го загорчувате животот.