Сè повеќе и повеќе се појавуваат креативни идеи за бизнис и интересни старапи, особено охрабрени од владините проекти за отворање нов бизнис.
Меѓутоа претприемачите треба да внимаваат, бидејќи и некои ситни грешки можат негативно да влијаат на нивните проекти.
Еве како да ги избегнете петте најголеми грешки.
1. Непостоење на работен план
Ако во работењето се потпирате само на инстиктот, наместо на работниот план, ќе паднете во неволја. Планот ви овозможува да се движите по насоката во која е насочена вашата компанија, но исто така и да имате индикатор за успешност.
2. Непознавање на пазарот
Промените на желбите на вашите клиенти, како и производите на конкурентите можат да ве остават во “задните редови“ – освен ако навистина не ги запознаете вашите деловни партнери и сегашните и идни клиенти.
3. Да работите сè сами
Можеби вие сте клучната личност за сè, но не можете сè сами да работите. Дури и ако почетниот успех ви е умерен, може непотребно да се преоптеретите доколку не вработите и не ја прераспределите должноста.
4. Занемарување на вработените
Успешното управување и мотивирање на вработените е еден од најголемите предизвици. Поголем број на вработени, значи и повеќе “човечки“ проблеми. Ако не се решат, тие проблеми можат да ја упропастат продуктивноста и да ја намалат добивката.
5. Занемарување на податоци
Како претприемач основната цел ви е да остварите добивка. Во секој момент треба да знаете во каква ситуација сте, да имате прецизен и продуктивен систем на анализа на клучни податоци.