Во Кочанско, регион познат по својот квалитетен ориз, локалните производители се соочуваат со невидена криза. Увезениот ориз, кој пристигнува од далечни земји како Индија и Пакистан, го преплавува македонскиот пазар, предизвикувајќи загриженост меѓу домашните оризопроизводители.
Тие тврдат дека овој увозен ориз не само што го наа квалитетот на нивниот производ познат како „бело злато”, туку и дека недостасува соодветна заштита на домашното производство од страна на властите.
Оризопроизводителите од Облешево, изразија сериозна загриженост за иднината на кочанскиот ориз.
„Имаше многу увезен ориз оваа година, кој се брендира како кочански. Бараме инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот. Ако не е кочански, не треба да се продава под тој бренд, бидејќи тоа ја уништува репутацијата и квалитетот на нашиот ориз“, изјави Максимов.
Минатогодишната реколт беше аоау и по квалитет и по квантитет, а со задоцнетата сеидба оваа година, производителите стравуваат дека жетвата ќе биде уште посиромашна.
„Оваа година очекувам да биде полоша од ланската. Оризот сè уште е се во фаза на зреење, а временските прилики не ни се наклонети. Ако продолжи вака и ако падне слана, можеби нема да има жетва во некои ниви“, вели тој.
Во овој критичен момент, единствената надеж за оризопроизводителите се ветувањата од ресорното министерство за повисока откупна цена, што би можело да ги мотивира да продолжат со обработка на полињата.
В спротивно, постои реален ризик дека Македонија ќе стане увозно зависна за оваа зрнеста култура, што би можело да има долгорочни последици за домашната аграрна економија.