Актуелно 06.12.2023 14:32

Бислимоски: Од 1 декември се врати евтината тарифа за електрична енергија

Бислимоски: Од 1 декември се врати евтината тарифа за електрична енергија

Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кај нас во Македонија сите броила се дигитални, но не значи дека секое дигитално броило има далечинско отчитување. Како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени, така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за декември ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен – рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Бислимовски додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.

„Не е исклучена можноста за да постои зголемување на цената на струјата поради што потрошувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци– но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми“ – истакна Бислимоски.

Бислимоски рече дека постоеле комуникациски проблеми во однос на снабдувањето со топлинска енергија, но тие се надминати. Она што е карактеристично дека имаме пад на нафтата и нафтените деривати, но тоа е заради осцилациите на берзите.