Актуелно 06.02.2024 08:39

Бислимовски: За само две години во државата се изградија енергетски капацитети од обновливи извори од вкупно 600 мегават часови

Бислимовски: За само две години во државата се изградија енергетски капацитети од обновливи извори од вкупно 600 мегават часови

Македонија длабоко навлезе во енергетска транзиција, за само две години се изградија 600 мегават часови од обновливи извори на енергија, од нив најголем дел се фотоволтици, порача во интервју за информативната програма на Слободен печат, Марко Бислимовски, претседател на Комисијата за енергетика.

Бислимовски смета дека се уште има огромен простор да се инвестира во обновливи извори на енергија и дека главниот збор во тоа треба да го имаат приватните инвеститори, како што е секаде низ Европа.

„Во следниот период најавени се четири стратешки инвестиции во кои концептот бар за две од нив е фидинг тарифа. Ние во изминативе 20 години изградивме мали хидроелектрани од исклучиво приватни инвеститори од 40 мегавти, се изгради една ветерна електрана приватна инвестиција и една ветерна електрана инвестиција на ЕСМ но и таа ја користи повластената тарифа. Имаме фотоволтаици кои што приватни инвестиции и биогасни централи што се приватни инвестиции и тие кои користат повласетена тарифа и имаат загарантирана цена за одреден период и таа цена се исплаќа на инвеститорот, а произведената електрична енергија понатаму операторот на пазарот ја прераспределува до сите снабдувачи. Но тоа што е направено во независна Македонија 83% е од приватни инвеститори. Ние во независна Македонија имаме инсталирано 140 мегавати од државни инвестиции а останатите, околу 900 мегавати се приватни инвестиции“ посочи Бислимовски.