Актуелно 06.03.2024 14:02

Битиќи: Стратешките инвестиции се за доброто на граѓаните, ајде да ги судриме аргументите со опозицијата

Битиќи: Стратешките инвестиции се за доброто на граѓаните, ајде да ги судриме аргументите со опозицијата

Измените во законите за стратешки инвестиции треба да се толкуваат само како појаснување на некои од одредби кои добија различни толкувања во јавноста дека се дополнителни бенефиции кои им се даваат на инвеститорите, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи. Според него тие се во суштина укажувања од Комисијата за заштита на конкурентноста и во однос на инвеститорот „Мителинеос“, како и во една ставка од законот за „AИМ Грин Тех“.

Тој ја повика опозицијата, која најави дека ќе поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката, да биде разумна и одговорна и да присуствува на амандманската расправа за да ги слушне одговорите на секој амандман.

На 9 мај ќе имаме нова влада предводена од СДСМ којашто ќе ги продолжи овие инвестиции затоа што тие се за доброто на граѓаните, рече Битиќи.

-Сметам дека не е работата дали некој е „за“ или „против“, работата е да останат достоинствени на своите позиции и да го прават тоа што граѓаните го очекуваат од нив. За жал, во изминатите четири години гледавме неразумност и кога не стануваше збор за стратешки инвестиции. Кога требаше да се зголеми минималната плата, гледавме дека опозицијата бојкотираше, кога требаше да се донесат антикризните мерки, опозицијата бојкотираше. Ги повикувам, како што ги дадоа амандманите, да дојдат да го слушнат одговорот кон секој еден амандман. Ако не се случи тоа, ништо спектакуларно. На 9 мај ќе имаме нова влада предводена од СДСМ којашто ќе ги продолжи овие инвестиции затоа што тие се за доброто на граѓаните – рече Битиќи.

()