Актуелно 13.10.2023 09:14

Битиќи: Не носам бренд, сакото ми е од чичко Борче, чевлите се од Баргала

Битиќи: Не носам бренд, сакото ми е од чичко Борче, чевлите се од Баргала

До крајот на 2023 година ние би имале вкупно 510 000 граѓани што се во умерена сиромаштија.

По тој повод и вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека не носи брендирана облека и дека е скромен. Тој рече дека поради ниските плати за време на минатата влада, оние кои биле на праг на сиромаштија, сега станале сиромашни.

„Не носам бренд. Од чичко Борче, носам сако. Чичко Борче е наш човек којшто се труди да го извади лебот од неговите златни раце. Носам чевли од Баргала и чорапи од една од штипските фабрики. Вистината не е таа што во некои бројки ја има. Ама таа боли и тоа не е убаво. Не е очекување на еден политичар да каже вистина. Очекувањето во нашата држава на политичарите е да лажат. Да ве излажат“, вели Битиќи.

Наскоро треба да биде објавен деветтиот пакет мерки вреден повеќе од 4 и пол милијарди денари, наменет за граѓаните и фирмите, за полесно справување со ценовната и енергетската криза.