Економија 08.01.2019 13:18

Биткоин – најлошо вложени пари во 2018 година

Биткоин – најлошо вложени пари во 2018 година

Најпрофитабилната инвестиција оваа година беше паладиумот, велат експертите.

Во исто време, најпопуларната крипто-валута во светот беше прогласена за најлоша инвестиција во 2018 година.

Истражувањето на консултантската компанија “Fin Expert” опфати 14 инвестициски инструменти за да се постигне резултатот.

Студијата покажа дека инвеститорите во биткоин изгубиле повеќе од 3.000 долари или 71, 2 проценти.

Кога станува збор за паладиумот, цената на тој скапоцен метал во последно време бележи рекордни вредности, што го прави најдобар меѓу водечките метали. Инвеститорите во просек заработиле 433 долари или 10,2 проценти.

Претставена како валута на иднината, биткoинот изгуби повеќе од 80 отсто од својата вредност од минатогодишниот максимум кој изнесуваше 20.000 долари.

Во моментов, се тргува под 3.700 долари, и многумина мислат дека падот може да се продлабочи.